Top Sport

Вестбрук со звукот на сирената, Кари го затрупа кошот на Клиперс (Видео)

По паузата поради Ол-стар викендот во петокот продолжија возбудувањата во НБА лигата. Кливелнд забележа пораз во дербито на истокот од Вашингтон, Оклахома со тројката на Вестбрук во последната секунда го победи Сакраменто, а Стеф кари со 44 понеи го предводеше Голден Стејт до победата над ЛА Клиперс.

Оклахома победи во Сакраменто 110:107, а триумфот го обезбеди Вестбрук кој во последната секунда постигна тројка за победа.

Најефикасен кај победникот беше Пол Џорџ со 26 поени и 7 скока, додека Вестбрук го забележа 18. трипл-дабл во сезоната (17 поени, 15 скока, 11 асистенции).

Сакраменто го предводеше ветеранот Зек Рендолф со 29 поени и 12 скока.

Актуелниот шампион Голден Стејт ги победи Клиперс во Лос Анџелс 134:127. Вориорс ја забележаат 45. победа во сезоната, а најефикасен беше Стеф Кари. Бекот на ГС за 36 минути постигна 44 поени (8/11 тројки). Тобајас Херис со 22, односно Лу Вилијамс со 19 поени и 11 асистенции беше најефикасни во домашниот тим.

Вашингтон славеше во пресметката со Кливленд 110:103. Леброн Џејмс одигра одличен натпревар (32 поени, 9 скока, 8 асистенции) но не успеа да го спречи поразот на својот тим. Џејмс на овој меч стана седмиот играч во историјата на лигата со погодени најмалку 11.000 обиди од поле.

Најефикасен кај победникот беше Бредли Бил со 18 поени и 9 асистенции.

Филалделфија со поените на Бен Симонс, посригнати на шест секунди до крајот, минимално го победи Чикаго 116:115. Симонс мечот го заврши со 32 поени, 7 скока и 11 асистенции, додека Џоел Ембид имаше учинок од 30 поени и 13 скока.

Шарлот победи во дуелот со Бруклин 111:96 на најефикасен играч беше кемба Вокер со 31 поен.

Scroll to Top