Top Sport

Сергеј Милинковиќ-Савиќ го урна рекордот на Горан Пандев во дресот на Лацио

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна преубав гол во триумфот на Лацио од 0:2 против Монца, а тоа беше негов 65. гол во Серија А. Со тоа го надмина рекордот на Горан Пандев, кој досега беше најдобар стрелец – странец во историјата на Лацио.

На Пандев за 64 гола во дресот на Лацио му беа потребни 194 натпревари, додека Сергеј Милинковиќ-Савиќ стигна до 65. гол во 257. натпревар. Сепак, тој е играч од средниот ред, за разлика од Горан Пандев.

Scroll to Top