Серхи Бархуан со реми на домашен терен, против Алавес (1:1), дебитираше на клупата на Барселона. Привремениот тренер е задоволен од играта, не и од резултатот. Барса прими гол од првата вистинска акција која ја изведиа фудбалерите на Алавес.
„Барселона има добри играчи, тие мора да веруваат во своите можности“, рекол Серхи и дополнил.
„Имавме малку време да работиме заедно. Се обидевме да исправиме одредени работи во одбраната и нападот. Мислам дека добро сработивме, сепак резултатот не е добар. Чувствувам дека не ја добивме наградата за она што го покажавме. Го контролиравме натпреварот, имавме шанси, но не ги искористивме“.
Серхи повторно нема да има мнгу време да работи со фудбалерите, Барселона во вторник игра во Киев, против Динамо во Лигата на шампионите.