Капитенот на Барселона, Серхи Роберто ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Тој требаше да замине минатат година, но тренерот Чави инсистираше клубот да му го продолжи договорот на уште една сезона.
Според последните информации, и покрај профитабилната понуда од Саудиска Арабија, Серхи Роберто нема намера да оди на Исток. Го привлекува животот во Америка и се очекува да избере клуб од МЛС.
Роберто целата своја кариера ја помина во Барселона, а дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2011 година.
Со години е еден од капитените, а оваа сезона стана главен по заминувањето на Серхио Бускетс и Џорди Алба.
Тие се и во Америка, заедно со Лео Меси и Луис Суарез, кој знае, можеби Интер Мајами ќе биде неговиот нов клуб.