Top Sport

Серхио Агуеро ќе остане во Манчестер сити

Менаџерот на Серхио Агуеро ги демантирал медиумските пишувања дека неговиот клиент ќе го напушти Манчестер сити и ќе се пресели во Наполи, Јувентус или Интер.

„Нема шанси Серхио да замине од Сити пред 2021 година“, рекол менаџерот Ернан Регуера.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити неколку пати е поврзуван со преселба во Серија А.

„Ќе видиме што ќе се случи до 2021 година. Не сум разговарал со Интер. Причината е едноставна. Серхио е среќен во Сити, нема намера да го менува клубот“, заклучил Регуера.

Scroll to Top