Top Sport

Французите решија кога ќе им почне наредната сезона

Сезоната 2020/2021 во елитниот ранг на францускиот фудбал ќе започне на 22 август. Точниот распоред на натпреварите ќе биде одреден по 17 јуни, односно по состанокот на Извршниот одбор на УЕФА, кога треба да бидат одредени датумите за натпреварите во европските купови.

„По консултациите со каналите „Mediapro, Canal+ i beIN Sports“ донесена е одлуката Лига 1 да стартува на 22 јуни, а ден подоцна на 23 август ќе започне сезоната во Лига 2“, стои во соопштението на директоратот на професионалната фудбалска лига на Франција.

Поради коронавирусот фудбалската сезона 2019/2020 во Франција е прекината по 28 рунди. Титулата им е доделена на ПСЖ, а од лигата испаднаа Тулуз и Амиен.

Scroll to Top