Top Sport

Серхио Агуеро заминува од Манчестер сити на крајот на сезоната!

Рекордниот стрелец на Манчестер сити, Аргентинецот Серхио „Кун“ Агуеро ќе го напушти премиерлигашот на крајот на сезоната кога ќе заврши неговиот договор, потврдија од англискиот клуб.

Последните неколку дена шпекулациите велеа дека Агуеро сака да ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен, а сега од англискиот клуб потврдија дека 32-годишниот голгетер ќе си замине од „Етихад“.

Агуеро пристигна во Манчестер сити од Атлетико Мадрид во 2011 година и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, постигнувајќи вкупно 257 гола во 384 натпревари, етаблирајќи се во еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата. Тој исто така е рекордер со 12 хет-трика во Премиер лигата.

Претседателот на клубот, Халдун Ал-Мубарак, неодамна потврди дека на Аргентинецот ќе му се крене статуа пред стадионот.

„Тоа што Серхио го направи за Манчестер сити во последните 10 години не може да се опише со зборови. Неговата легенда ќе биде запишана во срцата на сите кои го сакаат клубот, но и во тие кои едноставно го сакаат фудбалот“, вели Ал-Мубарак.

AnimeHeaven anime: Watch Black Clover Episode 67

ANIMEFLIX animeflix kamisama kiss: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 5 (https://animeflix.nl/m/0eeb/ep-5)

Scroll to Top