Top Sport

Серхио Рамос денес ќе потпише за Галатасарај

Прославениот шпански дефанзивец и легендарен капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос е пред портите на турскиот великан Галатасарај.

Клубот од Истанбул вчера ги израдува навивачите со нова победа над Олимпија и пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите, а денес во клубот треба да пристигне сензационално засилување.

Турските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос ја прифатил понудата на Галатасарај од 5,5 милиони евра за една година.

Односно, се најавува дека 37. годишниот шпански дефанзивец во среда треба да потпише договор на 1+1 година.

Серхио Рамос, откако помина 16 сезони во Реал Мадрид и освои 22 трофеи, последните две години ги мина во Пари Сен Жермен, со кој освои две титули во францускиот шампионат.

Scroll to Top