Top Sport

Серхио Рамос го постигна својот најубав гол во кариерата!

Серхио Рамос минатата сезона беше критикуван дека е „потрошен“ фудбалер откако поголемиот дел од сезоната ја помина во аут поради повреди, но вечерва во Тел Авив, тој се врати со сигурно најубавиот гол во неговата долга кариера.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, го постигна третиот гол за Пари Сен-Жермен во Суперкупот на Франција, кој се игра во Израел, со фантастична петица, откако претходно Лионел Меси и Нејмар во првото полувреме донесоа убедлива предност за тимот на Кристоф Галтие. Ова е 130. гол во кариерата на Рамос, што е зачудувачка бројка за еден дефанзивец.

Scroll to Top