Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, во пресрет на вечерашниот меч во Суперкупот на УЕФА, против градскиот ривал Атлетико во Талин, рекол дека клубот секогаш ќе оди напред независно од тоа кои играчи ќе дојдат или ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“.
Реал во изминатите три сезони победуваше во Лигата на шампионите, а во Талин ќе се бори за првиот трофеј во новата сезона.
„Привилегија е да се игра Суперкупот. Тоа е наградата за освојувањето на Лигата на шампионите. Возбудени сме поради новиот предизвик“, рекол Рамос во Талина.
„Кралскиот клуб“ во новата сезона влегува со нов тренер и без најдобриот играч и стрелец, Кристијано Роналдо.
„Ние сме семејство, тоа е клучно за овие успеси. Секогаше е тешко кога ќе останете без таков играч, но јие нема да престанеме да победуваме. Во минатото многу врвни фудбалери заминувале и доаѓале во Реал, а ние не престанавме да победуваме. Реал секогаш оди напред. Роналдо реши да направи промена во кариерата и се надевам дека тоа ќе биде добро и за него и за нас. Ниту еден играч не е над клубот“, порачал капитенот на Реал.