Top Sport

Серхио Рамос откри што навистина мисли за Лео Меси

Серхио Рамос вели дека многу го цени својот ривал од Барселона, Лионел Меси пред новото „Ел класико“ во кое ќе се судри со аргентинскиот ас.

Шесткратниот освојувач на „Златната топка“, Меси има уште една импресивна сезона во Шпанија, со 23 гола во 29 настапи за сите натпреварувања за Каталонците, а покрај тоа додаде 16 асистенции. Мадрид во недела ќе го пречека најголемиот ривал, и Рамос вели дека има огромна почит за Меси.

„Секако, имам огромна почит кон него и мислам дека е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Сега, се надевам дека неделата нема да биде негов ден, бидејќи тоа ќе значи дека добро сме ја завршиле работата. Му посакувам сè најдобро како професионалец, но само доколку тоа не влијае негативно на нас. Тешко е да се почитува ривалот, но тој го има мојот респект бидејќи е еден од најдобрите“, вели Рамос во интервју за Ла лига.

Мечот доаѓа во незгодно време за „кралевите“ – по 1:0 поразот од Леванте во Шпанија и по 2:1 поразот од Манчестер сити на домашен терен во првиот меч од осминафиналето на ЛШ.

„Игравме против Барселона толку многу пати, така што добро се познаваме. Тие се тим кои сакаат да имаат посед на топката и најтешко им е кога ќе им го одземете тоа. Тоа го знаат сите, не само Реал Мадрид. Затоа притисок од почеток и да им ја одземеме топката“, вели Рамос.

Scroll to Top