Top Sport

Серхио Рамос со нова тетоважа во чест на четвртиот син

Серхио Рамос ја збогати својата колекција на тетоважи, откако капитенот на Реал Мадрид го тетовираше името на својот четврти син Адријано на своите гради.

Сопругата на 34-годишниот Рамос, Пилар Рубио се породи со нивниот четврти заеднички син по Серхио Јуниор (роден во 2014), Марко (роден во 2015) и Алехандро (роден 2018 година).

Меѓу другите тетоважи на Рамос, тука е Исус Христос чии очи се две латинични букви R, во одбележување на врската со Рубио-Рамос. На десната страна е бројката 06, а на левата 14, како и англиската фраза „Сведочам дека живеев“, името на мемоарот на чилеанскиот писател Пабло Неруда.

 

View this post on Instagram

 

Gym time ?️‍♂️

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on

Scroll to Top