Top Sport

ФИФА застана во одбрана на претседателот Инфантино

Светската фудбалска федерација (ФИФА) тврди дека нема потреба швајцарските власти да започнуваат кривична истрага против претседателот Џани Инфантино, посочувајќи дека тој ќе продолжи нормално со својата работа.

Швајцарскиот специјален обвинител во четвртокот потврди дека постои истрага против Инфантино за неговиот состанок со поранешниот главен обвинител на Швајцарија, Михаел Лаубер, за криењето на нивните средби, на кои наводно се преговарало за избегнување на истраги против ФИФА.

„Нема причина да се отвори истрага против нашиот претседател бидејќи нема направено криминал. ФИФА и претседателот категорично ги отфрлаат сите шпекулации за криминално однесување“, се вели во необичното соопштение од ФИФА објавено во неделата.

Швајцарскa истрага против претседателот на ФИФА Инфантино

Scroll to Top