Top Sport

Дешам на клупата на Франција до 2023 година

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција Дидие Дешам во наредните денови ќе го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на оваа земја. Новата соработка ќе трае до 2023 година.

Актуелниот договор на Дешам истекува по Европското првенство. Челниците на Сојузот имале желба тој да се обиде да ја одбрани светската титула, поради што му понудиле нов договор.

Дешан е селектор на Франција од 2012 година. На СП во Бразил стигна до четврт-финалето, на ЕП во 2016 го освои второто место, а круна на неговата досегашна кариера е титулата на Светското првенство во Русија.

Scroll to Top