Клубовите од Серија А би можеле да започнат со тренинзите на 4 мај. Доколку тоа се случи сезоната би можела да продолжи во јуни.
„Газета дело Спорт“, повикувајќи се на свои извори објави дека Серија А разгледува три датуми за продолжување на сезоната – 24 и 41 мај, односно 7 јуни.
До крајот на сезоната во Серија А останаа уште 13 кола. Планот е тие натпревари да бидат одиграни за шест недели, што значи дека неделно клубовите би играле по два натпревари.