Top Sport

„Премиерлигата ќе ја прекине сезоната“

Директорот на Удинезе Пјерпаоло Марино рекол дека сезоната во англиската Премиерлига е завршена. Марино имал точни информации, запознаен е со ситуацијата бидејќи сопствениците на Удинезе се и сопственици на Вотфорд.

Според Марино во Премиерлигата ќе се случи белгиското сценарио. Белгијците минатата недела прогласија крај на првенството, а титулата ја освои Клуб Бриж.

„Белгијците веќе ја откажаа сезоната, не се исплашија од заканите на УЕФА. Во Англија Премиерлигата ќе излезе со исто соопштение бидејќи ситуацијата е сериозна. Се надевам дека ќе можеме да уживаме во фудбалот откако ќе заврши пандемијата. Колку и да бидеме без фудбал не е важно, најважно е животот да започне да се одвива нормално. Загрижен сум и за наредните сезони, не само за оваа“, рекол Марино.

Во Премиерлигата по 25 кола води Ливерпул со 25 поени повеќе од Манчестер сити.

Scroll to Top