Претседателот на Асоцијацијата на италијанските фудбалери Дамјано Томаси се надева дека, доколку се смири ситуацијата со коронавирусот, Серија А ќе може да продолжи во мај и јуни.
Италија е жариштето на коронавирусот во Европа, сите спортски настани се одложени до 3 април.
„Едноставно е невозможно лигата да продолжи на почетокот на април. Доколку се биде в ред ќе можеме да продолжиме во мај и јуни. Важна е безбедноста на сите во фудбалот. Првиот заразен беше фудбалер од Серија Ц во Пјанезе, а нивниот човек задолжен за дресовите се уште е на интензивна нега“, рекол Томази и дополнил.
„Јувентус имаат 100 луѓе во карантин. Тоа се луѓе кои патуваат низ Италија и Европа, се среќаваат со многу луѓе, таква е нивната работа. овој проблем не е само италијански, туку европски. УЕФА мора да се однесува како Европската унија“.
Последниот натпревар во Серија се одигра пред една недела, Сасуло ја победи Бреша со 3:0.