Во Италија гласни се најавите дека поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 сезоната во Серија А нема да биде завршена. Италијанскиот министер за спорт за „Ла Република“ дал изјава од која може да се заклучи дека на Апенините долго време нема да се игра фудбал.
„Фудбалот нема да започне по 3 мај. Челниците на Серија А згрешија со проценките. Мора да разберат дека повеќе ништо немада биде исто како порано“, рекол министерот и дополнил.
„Спортот не е само фудбалот и фудбалот не е само Серија А. Основниот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра. Тие пари ќе им ги дадеме на аматерските здруженија, сигурен сум дека тие ќе бидат оне што ќе го покренат препородот. Големите клубови не живеат во реалноста и преку своите можности. Најголем проблем им се милионските плати на фудбалерите. Мора да разберат дека откако ќе помине кризата ништ повеќе нема да биде исто како порано“.
Дека сезоната нема да биде продолжена свесен е и претседателот на Здружениот на фудбалерите, Дамјано Томаси.
„За разлика од претходните недели, пом изјавата на министерот расте загриженоста дека нема да ја завршиме сезоната. Сега имамме проблем како да ја завршиме сезоната, но постојат проблеми и со договорите, фудбалерите имаат договори до крајот на јуни“, рекол Томаси.
До крајот на сезоната во Серија А останаа уште 12 кола, доколку првенството не продолжи во мај тешко е да се очекува дека лигата ќе заврши до крајот на јуни.