Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина открива дека постои можност Серија А во иднина да воведе плејоф и плејаут.
Во моментов плејоф мечеви во Серија А се можни само кога клубовите се израмнети по бројот на поени, гол-разлика и меѓусебни дуели на крајот на сезоната. Но, Гравина вели дека ова е можно решение за поинтересен фудбал.
„Фудбалот е во одредена криза, и можеби не се потребни нови правила, но друга промена. Мора да се смени правецот. Веќе зборувавме за можност за плејоф и плејаут во Серија А. Во моментов тоа можеби звучи како научна фантастика, но којзнае што носи иднината? За нас тоа е приоритет во моментов. Може да има прва фаза на сезоната, со 10 тимови во плејоф и 10 во плејаут, а потоа и втора поинтересна фаза“, вели Гравина во интервју за „Ла газета дело спорт“.