Top Sport

Серија А сигурно нема да продолжи

Кратко траеше радоста на италијанската спортска јавност дека ќе продолжи Сезоната во Серија А. Министерот за култура и спорт во владата на премиерот на Италија Џузепе Конти, Виченцо Спадафора, им порачал на клубовите да започнат со плановите за наредната сезона.

„Дали и кога ќе продолжи Серија А? Доколку сакаме да спречиме коронавирусот да се шири на било кој начин тогаш треба да го следиме примерот на Холандија и Франција. Искрено едно такво сценарио е сѐ поблиску и кај нас. Нема проблем Спортистите да им се вратата на тренинзите, но играњето натпревари е нешто друго, ризично е. Да сум на местото на претседателите на клубовите би започнал да размислувам за наредната сезона. Одлуката што ја донесе Франција би можела да ја усмери Италија и другите европски земји да постапат на ист начин. Читајќи ги изјавите, ми се чини дека поголем дел од претседателите на клубовите во Серија А сакаат сезоната да заврши“, рекол Спадафора и дополнил.

„Со ова не го демонизираме фудбалот, како што ни префрлаат, лудост е и да помислите нешто такво. Фудбалот на целиот спорт му носи големи суми на пари, но и на нашата економија, но доколку не можеме да гарантираме безбедност за сите учесници тогаш е најдобро сезоната да биде прекината. Ги повикувам челните луѓе на италијанскиот фудбале да размислат за планот Б“.

Сезоната во Серија А е прекината на 9 март, до крајот на сезоната останаа уште 12 рунди.

Scroll to Top