Top Sport

Серија Б ја казни Бреша, Сампдорија (засега) остана во лигата

Голем хаос се случи во Серија Б, објави „Газета дело Спорт“. Според овој извор, великанот на италијанскиот фудбал, Сампдорија се спаси од испаѓање во Серија Ц.

Фрозиноне и Салернитана, утре требаше да играат бара за опстанок во Серија Б, но натпреварот е откажан, бидејќи челниците на Серија Б и покрај тоа што сезоната заврши и одзедоа четири бода на Бреша.

Поради казната, Сампдорија ќе излезе пред Бреша, што значи дека овој тим ќе испедне во Серија Ц заедно со Читадела и Козенца.

Ова исто така значи дека Сампдорија ќе игра плеј-аут против Салернитана, а Фрозиноне ќе опстане во лигата.

Бреша е казнета поради неправилностите околу февруарскиот рок за исплата на плати и придонеси, наводно клубот дел од нив го покрил преку кредити кои подоцна се покажаа како непостоечки.

Даночната управа имаше можност уште од 28 февруари, кога беше пријавена неправилноста, да реагира, и тоа го стори дури во петокот на 16.мај.

Бреша има право на жалба, иако останува нејасно што ќе се случи ако нивната жалба биде прифатена, а утре е време за плеј-аутот…

Scroll to Top