Top Sport

Серија А како Премиер лигата – натпревари и на Божиќ!

Претседателот на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ), Џовани Малаго ги презентираше големите промени во првата италијанска лига, Серија А околу распоредот на натпреварувања.

Сезоната 2018/19 ќе трае од 19 август до 26 мај, со натпревари во текот на зимата, и со официјален крај на преодниот рок на 18 август.

„Следната сезона почнува на 19 август, додека Супер купот се игра на 12 август, а стадионот уште не е утврден. Следната година ќе има две кола во сред недела, на 26 септември и 3 април, а исто така имаме распоред за празниците, така што ќе има натпревари на 22, 26 и 30 декември, а паузата ќе трае до 20 јануари. Колото на 13 јануари ќе биде префрлено во Копа Италија, каде што носителите нема да имаат предност на домашен терен и ќе има отворена ждрепка“, изјави Малаго, кој ја има улогата на привремен комесар во Италијанската фудбалска федерација по оставката на Карло Тавекио.

Фото: ЕПА

Scroll to Top