Top Sport

Серија А: Каљехон погоди од корнер, СПАЛ конечно победи

Фудбалерите на Наполи рутунски славеа против Сасуоло 3:1 и по ова коло ќе останат на лидерската позиција во Серија А. Во 11 коло победа забележаа СПАЛ, Лацио, Сампдорија, Кротоне и Удинезе.

Наполи без поголеми проблеми го победи Саусоло, а мечот го обележа голот на Каљехон. Шпанецот во 44 минута погоди директно од корнер. Претходно Наполи водеше со голот на Алан, а израмни Фалчинели. Конечните 3:1 ги постави Мертенс во второто полувреме.

СПАЛ лошата серија од осум натпревари на кои освои само еден бод ја прекина со триумфот над Џенова. Единствениот гол на натпреварот го постигна Антенучи. Капитенот на Македонија, Горан Пандев за Џенова играше од 62 минута, а десет минути подоцна доби жолт картон.

На останатите натпревари Лацио како гостин го декласира Беневенто 5:1, Кротоне ја изненади Фиорентина (2:1), со ист резултат Удинезе ја победи Аталанта, а Сампдорија беше убедлива против Киево.

Scroll to Top