Шефот на италијанските фудбалски судии, Марчело Ники признава дека не е сигурен дали видео-системот за помош на судиите (ВАР) ќе се користи во италијанската прва лига во 2018/19.
ВАР донесе разјаснување на многу сомнителни ситуации во фудбалот (кои во Италија секогаш ги има многу), но во исто време придонесе и да се направат многу контроверзи, како и конфузија кога треба да се консултира.
Сличниот „експеримент“ во англискиот ФА куп исто така донесе неколку бизарни ситуации, а во Германија дојде до смена на одговорниот за ВАР системот поради обвинувања за пристрасност кон некои клубови.
„Не знам дали ВАР ќе биде во Серија А следната сезона, но мислам дека ако биде ќе работиме да го направиме системот подобар. Дури по крајот на сезоната во која за првпат се користеше можеме да направиме проценка како понатаму и како да го подобриме“, вели Ники.
Фото: ЕПА
ВАР поништи два гола на Тотенхем, тие стигнаа до 6:1 победа! (видео)