Top Sport

Сериозен напад пред „Енфилд“, судири на навивачите (видео)

Полицијата во Ливерпул потврди дека истражува сериозен напад на човек пред стадионот „Енфилд“, кој се случил пред полуфиналниот дуел меѓу Ливерпул и Рома, кој домашните го добија со 5:2

Инцидентот се случил околу 20.35 часот по македонско време пред пабот „Алберт“, откако пред стартот на мечот имаше судири на навивачите на Ливерпул и Рома. Околу 80-тина навивачи на Рома се упатиле кон стадионот преку споредна улица во која се наоѓале голем број на навивачи на Ливерпул.

Еден навивач се гледа неподвижен на патот, а снимките на „Би-би-си“ покажуваат уште еден навивач како носи чекан.

Покрај ова, имаше и напад на „Коп“, каде што навивачи на Рома нападнале домашни фанови.

Салах и Ливерпул ја „газеа“, но не ја „убија“ римската „волчица“ (видео)

Scroll to Top