Украинскиот портал „Спорт“, повикувајќи се на полски колега, тврди дека фудбалерите од Босна и Хрцеговина плаќаат за да играат за репрезентацијата.
По ждрепката во Нион, кој ги спои Украина и Босна и Херцеговина во првата рунда од плеј-офот за Европското првенство, на порталот „Sport.ua“ се појавија сериозни обвинувања.
Имено, во презентацијата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина насловена како „Извор: Фудбалерите на БиХ плаќаат 20 илјади евра за да играат за репрезентација“, повикувајќи се на полскиот новинар Питор Слонка, кој на „Телеграм“, напиша дека играчите од Босна и Херцеговина плаќаат за поканите за националниот тим, наведуваат:
„Ја гледав групата во која беше Словачка. БиХ е многу слаба репрезентација. Еден од нивните играчи ми кажа дека се во голема криза. Во репрезентацијата само Џеко игра нормално, а останатите треба да платат 20 илјади евра и повеќе за да играат. Играчите сметаат дека ако платиле, не мора да прават ништо друго“.