Шпанскиот репрезентативен голман Пепе Реина е еден од тројцата поранешни играчи на Наполи обвинети дека имаат врски со мафијашката организација „Камора“.
Реина, заедно со Паоло Канаваро и Салваторе Ароника, ќе биде сослушан во Фудбалскиот сојуз на Италија, поради врските со браќата Габриел, Франческо и Џузепе Еспозито.
Реина го напушта Наполи и од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан, а според италијанските медиуми, сослушувањето е причината што Наполи не го продолжил договорот со искусниот голман.
Покрај тројцата фудбалери, обвинети се и нивните клубови: Наполи, Сасуоло и Палермо.
Паоло Канаваро, во два мандати, го носел дресот на Наполи, а минатата година во дресот на Сасуоло ја заврши кариерата.
Салваторе Ароника, неколку сезони играч во Неапол, а во 2013 година се преселил во Палермо.