Top Sport

Серж Гнабри израмни рекорд стар 50 години

Фудбалската репрезентација со убедлива победа над Северна Ирска (6:1) ги заврши квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Покрај Германија пласман на ЕП од Ц-групата избори и Холандија.

Германците со шест парчиња во мрежата на 23 гоишниот Били Пикок-Фарел ги испратија Ирците во Даблин. Три од тие шест гола постигна крилниот напаѓач Серж Гнабри.

Играчот на Баерн Минхен квалификациите ги заврши како најдобар стрелец на својата репрезентација (осум гола).

Со постигнатите три гола против Северна Ирска, Гнабри застана рамо до рамо со легендата на Германија, Герд Милер.

Гнабри досега за Германија одиграл 13 натпревари и постигнал исто толку голови. Претходно ваков учинок имал само Герд Милер.

Серж Гнабри блеска сезонава и во дресот на Баерн, на одиграните 16 натпревари има учинок од осум гола и пет асистенции.

Scroll to Top