Поранешниот играч на Барселона, Сержи Бархуан е нов менаџер на тимот на Хангжу Гринтаун со двегодишен договор со главна цел влегување во Кинеската супер лига (ЦСЛ).
45-годишниот Сержи имаше 267 настапи за Барселона од 1993 до 2002 година, а исто така собра и 56 настапи за шпанската репрезентација. Ова е негов прв ангажман надвор од шпанскиот фудбал, откако претходно работеше во тимовите на Рекреативо Хуелва, Алмерија и Мајорка.
Хангжу испадна од ЦСЛ во 2016 година, а оваа сезона заврши на седмото место во кинеската втора лига.