Top Sport

НБА: Мемфис го отпушти Физдејл по осум порази во низа

НБА тимот на Мемфис гризлис го отпушти главниот тренер Дејвид Физдејл по лошата форма и го именуваше Џ.Б.Бикерстаф како преоден тренер.

Мемфис се вклучени во низа од осум порази и имаат 7-12 скор оваа сезона, откако во 2016/17 играа во плеј-офот.

„По целосна анализа, решив дека е потребна промена на насоката на клубот за да се остварат целите оваа сезона и во иднина. Му посакуваме сè најдобро на Физдејл во неговата кариера“, изјави генералниот менаџер на тимот, Крис Волис.

Физдејл имаше 50-51 скор откако беше 13-ти тренер во историјата на клубот во мај 2016 година. За Бикерстаф ова е второ НБА искуство, откако во 2015/16 беше преоден тренер во Хјустон во 71 меч.

Scroll to Top