Top Sport

Сержињо Дест пет години во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на Сержињо Дест од Ајакс. Каталонците за десниот бек платија 21.000.000 евра. Парите ги обезбедија од продажбата на Нелсон Семедо во Вулверхемптон.

Дест има 19 години, игра за репрезентацијата на САД, а стручњаците г споредуваат со Дани Алвеш. Со Барселона потпишал пет годишен договор. Откупната клаузула во договорот изнесува 400.000.000 евра.

Овој трансфер претставува победа за спортскиот сектор на Барселона бидејќи сериозно заинтересирани за Дест беа и Баерн Минхен.

Scroll to Top