Сестрата на Кристијано Роналдо, Катиа, го навлече гневот на армијата навивачи на Јувентус.
Катиа (41), објави слика на која позира со кукла, во природна големина, а под неа ставила објава што не им се допаднала на навивачите на Јувентус.
„Се извинувам, можете да ми кажете каде е Торино? Знам само дека таму игра најдобриот фудбалер во светот“, напишлата таа на Инстаграм
Некои од навивачите во своите коментари ја нарекла Катиа необразована селанка.
Инаку, Кристијано Роналдо за 100 милиони евра од Реал се пресели во Јувентус, а од понеделникот тој започна со тренинзите во Торино.