Top Sport

Икарди е најдобриот играч во Серија А во 2018 година

Мауро Икарди е прогласен за најдобар играч во Серија А, за 2018 година, на свечената „Гран гала дел Калчо“ церемонијата, која се одржа во Милано. Наградата за играч на годината ја доделува Здружението на професионални фудбалери.

Икарди ја прекина доминацијата на фудбалерите на Јувентус, која траеше од 2011 година, кога за најдобар беше прогласен Златан Ибрахимовиќ.

Покрај наградата за играч на годината, Аргентинецот ја доби и наградата за најдобар гол во сезоната.

https://twitter.com/EsquemaFutbol/status/1069771895518752768

За најдобар тим е прогласен Јувентус, а предводникот на оваа екипа, Масимилијано Алегри е најдобар во 2018 година.

Награди за животно дело добија легендарните играчи Франческо Тоти и Андреа Пирло.

Џанлука Роки е прогласен за најдобар судија.

Scroll to Top