Тренерот на Барселона, Кике Сетиен вели дека никој не му кажал дека Артур Мело ќе замине во Јувентус во замена за Миралем Пјаниќ, барајќи од Бразилецот да остане фокусиран на остатокот од сезоната, признавајќи дека ситуацијата е „апсолутно ненормална“.
Веќе подолго време се шпекулира дека Јуве и Барса се договориле во размена Артур-Пјаниќ, со одредена доплата која ќе ја направи Јувентус, и пред саботниот меч против Селта, Сетиен инсистира дека ќе смета на Артур.
„Ова што се случува е апсолутно ненормално. Во основа, јас уште сметам на Артур, кој е важен дел од мојот тим. Тој ќе тренира и ќе патува со нас и може да игра. Се надевам дека ова што се случува не влијае на него, и ако добие шанса се надевам дека ќе ја искористи. Сезоната не е завршена, титулата не е одлучена. Не сум сигурен дали ќе замине. Клубот не ме информирал дека ќе биде така“, вели Сетиен.