Тренерот на Барселона Кике Сетиен рекол дека не го интересира што прават неговите играчи во приватниот живот се додека на тренинзите го даваат својот максимум.
Шпанските медиуми внимателно ги следат активностите на Џерар Пике надвор од фудбалскиот терен. Искусниот фудбалер ја води компанијата „Космос“ која меѓу другото стана и сопственик на тенискиот Девис куп.
„Јас не им сум татко на фудбалерите. Јас сум им тренер. Единствено што ме интересира е како се однесуваат на тренинзите и колку труд вложуваат на теренот“, рекол Стиен.
„Нема да им говорам што смеат, а што не смеат да прават. Пике е доволно зрел и одговорен за да знае како треба да се однесува. На тренинзите дава се од себе. Што прави во приватниот живот не ме интересира“.
Екипата на Барселона се наоѓа на второто место во Ла Лига со три бода помалку од Реал Мадрид. Во недела Барселона ќе го пречека Леванте.