Top Sport

Сетиен: Она што го цртавме на таблата не го пренесовме на теренот

Кике Сетиен во третиот меч го доживеа првиот пораз како тренер на Барселона. Каталонците, во саботата, беа надиграни и поразени во Валенсија 2:0.

Сетиен пред две недели го наследи Ернесто Валверде, во првите два натпревари Барселона не импресионираше со играта но успеа да победа, за разлика од дуелот во Валенсија, каде поседот на топката не им беше доволен за успех.

„Не бевме добри во првиот дел, најдоброто нешто беше што имавме 0:0. Валенсија требаше да води по првиот дел, но во вториот ги казни нашите грешки. Не би рекол дека не покажавме став и посветеност, играчите сакаа да победат“, изјавил Сетиен.

„Играчите се уште не усвоиле одредени работи на кои им укажувам. Можеби не сум им ги објаснил најдобро. Не ми се допадна она што го видов денес. Не е лесно да се пренесе на теренот она што го цртаме на таблата“.

Барселона по 21 коло има 42 бода на првото место, но доколку Реал утре не загуби во Валјадолид ќе ја преземе лидерската позиција на табелата.

Scroll to Top