Top Sport

ФА куп: Тотенхем на поправен, испадна Вест Хем (Видео)

Саутемптон и Тотенхем ќе одиграат уште еден натпревар по кој ќе биде познат патникот во осмина-финалето во ФА купот. Попладнево на „Сент Мери“ Премиер лигашите одиграа 1:1.

Тотенхем беа на три минути од пласман во осмина-финалето, имаа предност од 58 минута со голот на Сон. Кореецот ја заврши акцијата која ја започнаа Аргентинците Ло Селсо и Ламела. Конечниот резултат го постави Буфал на три минути до крајот на натпреварот.

Покрај Тотенхем и Саутемптон нов меч за пласман во осмина-финалето ќе играат Њукасл и Оксфорд (0:0), Ковентри и Бирмингам (0:0), односно Ридинг и Кардиф (1:1).

Вест Бромвич Албион успеа да го елиминира членот на премиер лигата Вест Хем. ВБА во Лондон победија 1:0 со голот на Таузенд во деветтата минута. На клупата на ВБА седи поранешниот тренер на Вест Хем, Славен Билиќ.

На другите натпревари:

Брентфорд-Лестер 0:1
Барнли-Норич 1:2
Милвол-Шефилд Јунајтед 0:2
Портсмут-Барнсли 4:2

Scroll to Top