Top Sport

Сетиен призна: Тешко е да му бидеш тренер на Меси

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен смета дека е тешко да му бидеш тренер на Лионел Меси, објаснувајќи дека огромната репутација на Аргентинецот значи дека тој не е подложен на критики како остатокот од играчите.

Сетиен траеше само шест месеци на „Ноу Камп“ откако го замени Ернесто Валверде во јануари, откако по шокантниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите беше неговиот последен меч на клупата. По ова следуваше неверојатниот обид на Меси да си замине од клубот, пред да остане уште една година.

Во разговор со легендарниот тренер на Реал Мадрид Висенте дел Боске во весникот „Ел паис“, Сетиен зборуваше за неговите проблеми.

„Според мене, Меси е најдобриот на сите времиња. Имаше и други големи играчи, но континиуитетот кој ова момче го покажа никој го нема направено. Тешко е да го менаџираше Лео. Кој сум јас да го менувам него? Така го прифатија во Барселона со години и не го менуваа. Тоа е нешто што го видовме во документарниот филм за Мајкл Џордан. Гледате работи кои не ги очекувате. Тој е резервиран и те предизвикува да ги гледаш работите кои ги сака. Не зборува многу“, вели Сетиен.

Scroll to Top