Top Sport

По новиот пораз на Хајдук, Торцида постави 12 трупци пред „Пољуд“

Откако минатата недела спектакуларно славеа низ Сплит, навивачите на Хајдук, Торцида се вратија на својата разочараност, поставувајќи ноќта 12 трупци пред „Пољуд“ во формација 4-4-2 по третиот пораз во низа во лигата, синоќа од Истра во Пула.

Тимот на тренерот Хари Вукас загуби во Пула со 1:0 со гол во 87. минута, откако Хајдук утна пенал во 76. минута. Со овој пораз Хајдук е само шести на табелата во Хрватска со 10 поени од осум натпревари.

Scroll to Top