Top Sport

Сетиен: Ракитиќ не ми кажал дека ќе замине

Тренерот на Барселона Кике Сетиен рекол дека Иван Ракитиќ не побарал дозвола да го напушти клубот. Веќе неколку месеци се зборува дека Барселона ќе го продаде Ракитиќ, а тој неодамна изјави дека самиот ќе ја донесе одлуката каде ќе ја продолжи кариерата.

„Немам информација дека Ракитиќ побарал трансфер, мене ништо не ми кажал. Откако сум јас во Барселона тој играше многу и тоа може така и да остане“, рекол Сетиен.

„Сепак ќе мора да причекаме за да видиме што ќе се случи“.

Новинарите се интересирале и дали Фелипе Кутињо ќе се врати во Барселона. Бразилецот сезонава е позајмен во Баерн Минхен.

„Тој е одличен фудбалер, секогаш ми се допаѓала неговата игра. Мислам дека е рано да разговараме за него“, рекол Сетиен.

Потсетуваме дека сезоната во Ла Лига е суспендирана поради коронавирусот, а Барселона се наоѓа на првото место пред Реал.

Ракитиќ: Нема да ме продадат како да сум вреќа со компири

Scroll to Top