Тренерот на Барселона, Кике Сетиен вели дека предложените пет замени по меч во Ла лига ќе му наштетат на неговиот клуб, бидејќи противниците, едноставно, нема да се уморуваат.
Бундеслигата, единствената од топ 5 лигите која се рестартираше по корона вирусот, дозволува пет замени по меч по совет на ФИФА за да се избегнат повреди по долгата пауза. Ла лига ќе се врати на 11 јуни, со исти правила, и тренерот на лидерот не е пресреќен.
„Не знам дали ќе ни штети или ќе биде подобро за нас, но засега проценка е дека ќе ни штети поради нашиот стил на игра. Знаеме дека многу мечеви се решаваат во последните минути. Ако дадеш шанса ривалите да бидат свежи тогаш, ќе биде многу потешко. Но, од друга страна, ќе добиете ресурси во одреден момент кога ти се неопходни. Ќе биде нешто ново за сите нас“, вели 61-годишниот Сетиен.
Тој исто открива дека било потребно подолго време за подготовки на фудбалерите, откако тие ќе имаат само 10 дена заеднички тренинзи пред 11 јуни.
„Мислевме дека ќе имаме повеќе време да работиме како група и се надевам дека нема да има многу повреди“, вели Сетиен.
Барселона има два поени предност пред Реал Мадрид со 11 меча до крајот на сезоната.