Top Sport

Севилја го доби „Ел гран дерби“, останува во трка со Реал

Севилја стигна до 2:1 победа над Реал Бетис во страственото „Ел гран дерби“ на Андалузија, во пресметка на второпласираниот против третопласираниот тим во Ла лига, односно во моменти кога двата тима се во одлична форма.

Тимот на Хулен Лопетеги го контролираше темпото на играта, иако поседот на топката повеќе беше кај Бетис, за победа која ги оддржува на шест поени зад „кралевите“ и ги носи на дури осум поени пред градскиот ривал.

Иван Ракитиќ ги донесе Севилја во водство во 24. минута со гол од пенал, пред Мунир Ел Хадади во 41. минута да го удвои водството, кое потоа го заддржаа до крајот на мечот, пред Серхио Каналес да намали на 2:1 во 94. минута, кога беше доцна за целосен пресврт.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top