Top Sport

Севилја го фати последниот воз за Лига Европа (Видео)

Фудбалерите на Севилја изборија пласман во Лига Европа наредната сезона. Севилја во градското дерби ремизираше со Бетис, а до седмата позиција, во пресрет на последното коло, дојде благодарение на поразот на Хетафе од Атлетико Мадрид.

Големото дерби на Севилја се одигра на стадионот на Бетис и започна со рано водство на домаќинот. Бартра во петтата минута го совлада Сорија. Овој резултат беше активен до 57.минута кога израмни Бен Једера, а Данецот Кјер во 79.минута направи целосен пресврт. Бод за Бетис спаси Лорен во 88.минута.

Хетафе го пречека Атлетико и не успеа да освои ниту бод во малото мадридско дерби. Атлетико победи 1:0 со голот на Коке постигнат во осмата минута. Најблиско до постигнување на гол хетафе беше во 77.минута, меѓутоа Облак успеа да го одбрани пеналот што го изведе Фажр.

Виљареал гостуваше во Ла Коруња и славеше 4:2. Два гола постигна Кастилјехо, а по еден Тригерос и Черишев, додека двата гола за домашниот тим ги постигна Борха.

Вијето и донесе победа на Валенсија на гостувањето кај Џирона. Аргентинецот постигна гол во 61.минута. Еден гол го реши победникот на мечот Еибар- Лас Палмас.

foto:epa

Алавес во баскиската пресметка славеше над Атлетик Билабо 3:1. Гуидети, Ел Хадади и Ибаи Гомез ги постигнаа головите за Алавес, а стрелец на голот а Билабо беше Муниаин.

Реал Сосиедад водеше со головите на Ојерсабал и Каналес против Леганес, гостите потоа израмнија преку Рико и Гереро, а онечнитеб 3:2 за Сосиедад ги постави Вилијам Жосе од пенал во 78.минута.

Scroll to Top