Top Sport

Лекиќ: Одбраната го реши победникот

ЖРК Вардар, во саботата, во петтото учество на завршните турнири во Лигата на шампионките, се избори за своето второ финале. Вардар славеше во полу-финалето 25:19 против Ростов Дон.

Одбраната, предводена од брилијантната Амадин Лејно (15 одбрани), беше лејт мотив на овој натпревар. Напаѓачки Пенезиќ и Лекиќ го предводеа Вардар со по седум гола.

„Тежок натпревар, како и секое полу-финале. Бевме малку нервозни, но мислам дека тоа е нормално за еден ваков натпревар. Одбраната го реши натпреварот, добро трчавме, не дозоливме ниту еден гол од контра напад. Го спроведовме она што го договоривме за овој натпревар“, рече по мечот Лекиќ.

ЖРК Вардар, утре од 18 часот, против актуелните шампионки, Ѓер, ќе се бори за својата прва европска титула.

foto: zrkvardar.mk

Scroll to Top