Top Sport

Севилја го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Севилја му врачи отказ на тренерот Хозе Луис Мендилибар. Клупските челници решија дека треба да се разделат со тренерот по нерешениот резултат со Рајо Ваљекано на домашен терен (2:2) во саботата.

Севилја лошо влезе во новата сезона, во првите девет кола во Примера (14 место на табелата), забележа пет порази и освои само осум бода, во Лигата на шампионите два пати играше нерешено.

Мендилибар ја презеде Севилја на 21.март. На клупата го наследи Хорхе Сампаоли. За краток период успеа да ја стабилизира екипата и да го освои трофејот во Лига Европа, со што и овозможи на Севилја сезонава да игра во Лигата на шампионите.

Scroll to Top