Хулен Лопетеги се враќа на тренерската професија, откако Севилја потврди дека поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид потпишал тригодишен договор со клубот од Андалузија.
52-годишниот Лопетеги беше без работа од октомври 2018, кога заврши тримесечната работа кај Реал Мадрид на неславен начин. Лопетеги прво беше контроверзно поставен за тренер на Реал по заминувањето на Зинедин Зидан пред стартот на Светското првенство во Русија во јуни 2018 година, приморувајќи ја Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) да го отпушти на еден ден пред стартот на Мундијалот.
По ова, следуваше мизерна низа на резултати со Реал, и по 5:1 поразот од Барселона, тој беше отпуштен. Лопетеги претходно накратко работеше како тренер на Рајо Валјекано во втората лига пред 16 години, по што беше на чело на Б-тимот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, пред во 2014 година да биде поставен за тренер на Порто. Тој помина две години во Португалија, пред да го замени Висенте дел Боске како шпански селектор.
? ¡Bienvenido, míster! ?#WeareSevilla
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) June 4, 2019