Хрватскиот репрезентативец Марко Рог до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Севилја. Рог во Андалузија пристигна од Наполи.
Според договорот на клубовите Севилја нема да има право, по завршувањето на сезоната да го откупи договорот на 23-годишниот фудбалер.
Фудбалерот кој има одиграно 12 натпревар за Хрватска кариерата ја започнал во Вараждин, а преку Сплит и Динамо Загреб, а пред две и пол години за 14,5 милиони евра се пресели во Наполи.