Голманот на фудбалската репрезентација на Србија, Марко Дмитровиќ, се наоѓа на листата на фудбалери што во преодниот рок можат да ја засилат Севилја.
Најавите дека Серхио Рико ќе го напушти клубот ги натерале челниците на Севилја да тргнат во потрага по нов голман. Според медиумите тие го одбрале Србинот од Еибар, Дмитровиќ.
Севилја за голманот ќе треба да издвои 12 милиони евра.
Дмитровиќ зад себе има извонредна сезона, по која заслужи место во српската репрезентација, а навивачите на клубот го избраа за најдобар играч на Еибар минатата сезона.