Top Sport

Севилја го сруши клупскиот рекорд

Севилја се исклучително активни на трансфер пазарот ова лето. На „Рамон Санчез Писхуан“ досега потрошиле 91,5 милиони евра за шест фудбалери.

Жил Кунде 20 годишниот дефанзивец, во средата, пристигна во Севилја во рекорден клупски трансфер. Севилја на Тулуз за Кунде ќе му платат 25 милиони евра, а младиот фудбалер ќе потпише пет годишен договор.

Следен кој треба да го засили тимот на новиот тренер Жулен Лопетеги е Аргентинецот од Олимпик Марсеј, Лукас Окампос.Тој трансфер треба да изнесува 18 милиони евра.

Покрај Кунде досега во Севилја пристигнаа Мунас Дабур (Салцбург, 15 милиони евра), Диего Карлос (Нант, 15 милиони евра), Жоан Жордан (Еибар, 14 милиони евра), Лук де Јонг (ПСВ, 12,5 милиони евра), Макс Вебер (Ајакс, 10 милиони евра) и Жил Кунде (Тулуз, 25 милиони евра).

Scroll to Top