Top Sport

Севилја извлече бод против Селта

Фудбалерите на Севилја, во драматичен меч, успеаја да освојат бод против Селта. На својот „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја одигра 2.2 против тимот од Виго.

Севилја како полека да го губи чекорот со лидерот на табелата Реал. Ова е второ реми за Севилја, по кое, со натпревар повеќе имаат три бода помалку од Реал.

Двата тима, во овој дуел, имаа по едно полувреме. Селта, во првиот дел, во интервал од три минути, постигна два гола. Во 37.минута Дмитровиќ го совлада Серви, а во 40. Јаго Аспас.

Буквално со иста мерка возврати Севилја во вториот дел. Папу Гомес со екстра гол намали во 71., а Оливер Торес израмни во 74.минута.

Scroll to Top